Остварена работна средба со компанијата Шахтерм

Директорот Гоце Димовски денес оствари работна средба со  претседателот и основач на Шахтерм, Фарух Шахин, како и претставници на компанијата. На средбата беа разгледани тековните активности на компанијата и можностите за проширување на соработката.

Директорот Димовски посочи дека ваквите средби се важни за понатамошно унапредување на инвестициската клима и за продлабочување на довербата со постојните инвеститори, нагласувајќи дека институционалната поддршка останува еден од клучните приоритети во наредниот период. Тој истакна дека континуираната комуникација со инвеститорите претставува основа за стабилен економски развој и дека Дирекцијата, во соработка со Владата и натаму останува поддршка во секоја фаза од инвестициските проекти.

Претседателот и основач на Шахтерм, Фарух Шахин, изрази задоволство од досегашната соработка и истакна дека компанијата гледа стабилна и долгорочна перспектива во земјата. Од негова страна беше истакнато дека условите кои се создаваат овде овозможуваат реален простор за раст, технолошки развој и нови работни места.

Инаку, според планот, Шахтерм само во прва фаза ќе инвестира 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека во втората фаза вкупната вредност ќе изнесува 50 милиони евра со вкупно 500 работни места.