Остварена средба со менаџментот на Magna International

Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со дел од менаџментот на Magna International, Љубица Себенова, менаџер за владини прашања за Европа и Алехандра Плашински, глобален директор за економски развој и регулаторна усогласеност. Во рамки на средбата беа разгледани тековните активности, како и можностите и плановите за во иднина.

Димовски истакна дека стратешкиот пристап на Дирекцијата за ТИРЗ е насочен кон создавање долгорочни партнерства со компаниите кои инвестираат во земјата, при што фокусот не е само на привлекување нови инвестиции, туку и на поддршка на постојните инвеститори во нивниот раст, модернизација и проширување на производствените капацитети.

Од страна на менаџментот беше посочена важноста од континуиран дијалог меѓу институциите и бизнис секторот, како предуслов за навремено препознавање на потребите на инвеститорите и креирање услови што ќе придонесат за одржлив развој и поголема конкурентност. Од нивна страна беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше нагласена подготвеноста за нејзино понатамошно унапредување.

Во текот на средбата беше потврдена заедничката заложба за унапредување на соработката, при што се разговараше за идните развојни приоритети на компанијата, конкурентноста и можностите што ги нуди Македонија за реализација на нови инвестициски активности.