ПОЧЕТОК НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ВИТЕК

Групацијата Витило во ехнолошко-индустриската зона “”Скопје 1″” ќе произведува хидраулични спојки за висок притисок како и армирани гумени црева кои имаат широка употреба во индустријата.

Вкупната инвестиција која вклучува и изградба на нова хала веднаш до постојната, изнесува 10 милиони евра.

– Веруваме во оваа земја и продолжуваме со инвестицијата, иако имавме некои потешкотии кои ги надминавме – рече сопственикот на фабриката, Андреа Витило.

Оваа инвестиција ќе отвори 150 нови работни места, а целото производство е експортно ориентирано. Половина ќе заврши на европскиот пазар, а останатите 47 проценти ќе се извезат за Италија. Само 3 отсто од произведеното ќе се продава во источните земји.