РАСТ НА РАБОТНИ МЕСТА И ПЛАТИ ВО ТИРЗ
Продолжува растот на бројот на работни места и платите во ТИРЗ. Во ноември во компаниите во ТИРЗ бројот на вработени се искачи на 17.926 што е зголемување за 10% во однос на истиот период лани, односно за 29% повеќе од ноември 2021, и за 31% повеќе споредено истиот период во 2020 година, покажува анализата. Само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени над 1600 наши сограѓани. Според првичните податоци просечната бруто плата во компаниите во ТИРЗ надмина 60.000 денари, што двојно повисоко од 2016 година.
Според податоците, извозот во ноември е близу 3,5 милијарди евра и бележи раст во однос на истиот период од минатата година. Компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава заклучно со ноември оствариле увоз од над 2,8 милијарди евра што е за 2% повисоко споредено со истиот период лани.
Поради ваквите економски движења, нето извозот заклучно со ноември е во позитива и изнесува 20% што е двојно повеќе споредено со истиот период лани.
Се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што во ТИРЗ од почетокот на годинава се постигнати договори во вредност од 450 милиони евра каде веќе се реализираат дел од планираните 7.500 нови работни места.