САЈТ СЕЛЕКШН“ ОЦЕНИ: МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ИНВЕСТИЦИСКИ ДЕСТИНАЦИИ

Реномираниот глобален магазин Сајт Селекшн ги соопшти најдборите инвестициски дестинации во светот. Македонија повторно се најде на високите позиции.

Според магазинот, Македонија е рангирана на високото 2 место во категоријата на најдобри 20 зони според проекти, капитални расходи и работни места по глава на жител а врз основа на спроведена методологија за 2,722 корпоративни инвестициски проекти за крајни корисници во 280 зони ширум светот од декември 2010 до јануари 2018 година, индексирани според најновите бројки за населението.

Високото рангирање на Македонија е валоризација на досегашните напори и активности. Оваа валоризација дополнително ќе влијае нови компании да ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија и да ја ставаат на нивната инвестициска мапа се повисоко.