СВЕЧЕНО ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ НА АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА ,,DURA AUTOMOTIVE SYSTEMS”.

Во ТИРЗ Скопје 2 беше одбележан стартот на инвестицијата која за почеток тежи 18 милиони евра, а со целосното заокружување за десет години вкупно се планира инвестиција на 36 милиони евра во земјава. Оваа американска фабрика која ќе биде со површина од 16 илјади квадратни метри ќе отвори 500 нови работни места.

Фабриката на Дура како објект треба да биде готова до крајот на годинава а кон средината на 2019 треба да почне и производството. Светскиот гигант Дура има 100 годишна традиција во овој бизнис со 36 свои фабрики во 14 земји од светот и околу 9500 вработени но потенцираа дека токму европскиот пазар им е најзначаен. За изборот на Македонија како земја каде ќе градат своја фабрика од Дура нагласија дека клучни биле квалитетната работна сила, инфраструктурата, локацијата и соработката со владата.