Република Северна Македонија

Дирекција за технолошки
индустриски развојни зони

Средба со менаџментот на Гересхајмер во Германија: Зајакнување на партнерството со постојните инвеститори

Средба со менаџментот на Гересхајмер во Германија: Зајакнување на партнерството со постојните инвеститори

Директорот Гоце Димовски во рамки на работната посета на Германија, заедно со висока владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оствари средба со менаџментот на Гересхајмер во Диселдорф, која преку своето присуство во ТИРЗ Скопје е дел од македонската економија.

Средбата беше посветена на досегашната соработка, значењето на инвестицијата за домашната економија и можностите за нови инвестиции кои ќе донесат висока додадена вредност за Македонија.

Директорот Димовски истакна дека присуството на реномирани меѓународни компании како Гересхајмер има особено значење за трансферот на современи технологии и зајакнувањето на конкурентноста на македонската економија. Тој нагласи дека поддршката на постојните инвеститори и одржувањето континуирана комуникација со нивниот менаџмент остануваат меѓу приоритетите на Дирекцијата, имајќи предвид дека долгорочните партнерства создаваат основа за одржлив развој и нови економски можности.

Работната средба е уште една потврда за заложбите на Дирекцијата за ТИРЗ за продлабочување на соработката со германските инвеститори и зацврстување на позицијата на Македонија на мапата на странските директни инвестиции.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email