Иднината – дома

Ивана Ангелковска – Магна

Во новото видео од серијалот #ЛицаНеБројки ве запознаваме со Ивана Ангелковска, која успешно ја гради својата иднина во канадската компанија Магна. Таа продолжува континуирано да се надоградува себеси и да ги надминува сите предизвици со помош на своите колеги.

Инвестициите во #ТИРЗ создаваат одлични услови за стабилни работни места, кариерен напредок и примања, што им овозможува
на младите луѓе да ја создаваат иднината тука, во својата земја.