ТИРЗ СКОПЈЕ 1 И 2 – ДОБИТНИК НА МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Технолошко-индустриските развојни зони Скопје 1 и 2 се добитник на признанието „Stvaratelji za stoljeća” за исклучителен придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа. Ова признание го доделува Меѓународниот економски форум „Perspektive”, преку нивниот комитет за доделување на награди и признанија кој го сочинуваат истакнати стручњаци за економија, финансии и претприемништво од Германија, Австрија, Хрватска, Словенија и други земји.

Дирекцијата за ТИРЗ е наградена во конкуренција од 469 кандидати од 10 земји (Германија, Австрија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово).

Во рамките на регионалниот самит во Дубровник, признанието свечено му беше доделено на директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо.