ТРЕТА ИНВЕСТИЦИЈА НА „ЏОНСОН КОНТРОЛС“ ВО МАКЕДОНИЈА

Компанијата „Џонсон контролс“ ќе ја отвори новата фабрика во Струмица. Новата инвестиција ќе отвори 1.500 работни места.

Директорот на „Џонсон контролс“ Вили Ван-Лој и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, најавија дека оваа инвестиција ќе започне како браунфилд инвестиција во постоечки објект и со текот на времето ќе се реализира и гринфилд инвестицијата.

“Се соочуваме со предизвиците на капацитетот во Европа и поради тоа се одлучивме за Македонија”, изјави Ван-Лој.

Според Мизо, фактот дека „Џонсон контролс“ донесе одлука повторно да инвестира во Македонија е потврда за успешноста на политиките на Владата за создавање на позитивна бизнис клима.

“Ова е трет пат „Џонсон контролс“ да инвестира во Македонија. Првиот пат беше во 2006 година во Скопје, вториот проект беше во 2011 година во Штип, а по трет пат ќе биде во Струмица, посочи Виктор Мизо и додаде дека се одвиваат сите работи за адаптација во слободната зона во Струмица.