УСЛОВИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ПРЕТСТАВЕНИ НА AUTOMOBILWOCHE KONGRESS ВО БЕРЛИН

Преку Диркецијата на ТИРЗ, Македонија се претстави на Аutomobilwoche Kongress во Берлин, Германија со свој штанд. Претставени се инвестициските можности на земјата во секторот на автомобилската индустрија.

На конгресот учествуваат производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од Европа и светот. Претставниците на Дирекцијата остварија директни средби со голем број компании. Аutomobilwoche е најголема платформа во Германија во чии рамки секоја година се собрани највлијателните компании од автомобилската индустрија од земјата и светот.