Иднината – дома

Јована Јововиќ Тодоров – Џонсон Мети

Со личниот напредок следи и професионален напредок. Компетитивната средина во Johnson Matthey ја поттикна Јована Јововиќ Тодоров да напредува и успешно да реализира проекти, кои се преземени и од сестрински фирми во други земји. Британската компанија која што произведува катализатори, „Џонсон Мети“, ја отвори својата прва фабрика во зоната Скопје 1, Бунарџик во 2010 година. Во мај, 2012 година Џонсон Мети го одбележа започнувањето на големиот проект за проширување на дејноста во Македонија со изградба на втора фаза од фабриката што значително го зголеми капацитетот на производство. Со проширувањето, Џонсон Мети Скопје во 2020 година вработува над 1,000 лица.