Иднината – дома

Неда Божиновска Ристовски – Гересхајмер

Кога се развива компанијата се развиваш и ти, но и обратно. Кога тимот се развива и компанијата расте. Неда Божиновска Ристовска во Гересхајмер го унапреди своето знаење во областа на медицината, стекна нови вештини и одлучи својата кариера да ја гради токму тука. Гересхајмер е најголемиот поединечен инвеститор во ТИРЗ во Северна Македонија и најголем инвеститор во ТИРЗ-зоните по висина на инвестиции.