Остварена средба со Корејската Агенција за Промоција на Трговија и Инвестиции (КОТRA)

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари успешна средба со претставници на Корејската агенција за промоција на трговија и инвестиции (КОТRA) – комерцијален оддел на амбасадата на Република Кореја, со седиште во Софија, Бугарија. Во насока на унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Јужна Кореја, средбата се фокусираше на промоција на инвестициите, како и можностите кои ги нудат Технолошко Индустриските Развојни Зони како дестинација.

„Сорабоката со Јужна Кореја е од суштинско значење за понатамошниот економски развој на Македонија, отворајќи нови можности за зголемување на трговската размена и создавање нови работни места во стратешки сектори. Активно работиме на нови реформи кои дополнително  кои ќе им овозможат на странските инвеститори полесен и побрз пристап до нашата економија.“ – истакна директорот Димовски.

Претставниците на КОТRA изразија благодарност за средбата, со очекување за понатамошна успешна соработка, потврдувајќи ја својата посветеност за поврзување на корејските компании со регионот.

„Условите што ги нуди Македонија за странските инвеститори, особено преку Технолошките Индустриски Развојни Зони, претставуваат одлична платформа за корејските компании кои планираат проширување на своето присуство во регионот. Очекуваме стабилна и долгорочна соработка која ќе донесе взаемни придобивки.“ – кажа Ри Донг-Хјун, генерален директор на Корејската агенција за промоција на трговија и инвестиции (КОТRA) Софија.

Инаку, Корејската агенција за промоција на трговија и инвестиции (КОТRA) важи за клучен посредник во зајакнувањето на економските односи помеѓу Кореја и светот, поттикнувајќи иновации, технологии и инвестиции во различни сектори.

Оваа средба е дел од новиот концепт на ТИРЗ, насочен кон привлекување нови странски директни инвестиции и продлабочување на економските односи со водечките економии на глобално ниво.