Остварена средба со претставници на меѓународната агенција за односи со јавност – Аретера

Директорот Гоце Димовски оствари средба со претставници на меѓународната агенција за односи со јавност, Аретера. Средбата, главно имаше за цел размена на информации и искуства во насока на позиционирање на Македонија како атрактивна инвестициска дестинација, како и разгледување на можностите за воспоставување на долгорочна соработка во делот на промоција и привлекување на странски директни инвестиции.

Директорот Димовски ги посочи тековните активности на дирекцијата, како и можностите што ги нудат ТИР зоните, со посебен осврт на поволната деловна клима, стратешката географска позиција и поддршката што институцијата, во соработка со владата ја обезбедува за инвеститорите во сите фази од нивниот инвестициски циклус.

Претставниците на Аретера, Лепосава Огњаноска и Иван Дургутов, дел од поширокиот тим кој го покрива регионот на Адрија и Западниот Балкан изразија интерес за продлабочување на соработката, особено во делот на позиционирање на Македонија како атрактивна инвестициска дестинација на германскиот и поширокиот европски пазар. Воедно, беше потенцирана важноста од активна соработка, земајќи предвид дека Аретера опслужува поширока база на клиенти, од најразлични индустрии, преку обезбедување на консултантска поддршка и советување за креирање на политики.