Директорот Гоце Димовски присуствуваше на третата годишнина од постоењето Британската бизнис асоцијација

Директорот Гоце Димовски присуствуваше на третата годишнина од постоењето Британската бизнис асоцијација (ББА), настан посветен на зајакнување на економската соработка, трговијата и инвестициите меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
 
На настанот свое обраќање имаа британскиот амбасадор Метју Лосон, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и Боријан Борозанов, претставник на Британската бизнис асоцијација и директор за производство за Европа на Џонсон Мети, при што беше потенцирана важноста од натамошно продлабочување на економските односи, креирање на предвидлива деловна клима и поттикнување на нови инвестиции кои ќе донесат висока додадена вредност.
 
Директорот Димовски во рамки на настанот се сретна со претставници на британски компании и членки на асоцијацијата, при што беа разгледани можностите за идна соработка, проширување на постојните инвестиции, како и потенцијалите за нови инвестиции во рамките на ТИРЗ.
Дополнително, настанот овозможи размена на мислења и искуства меѓу институциите и приватниот сектор, со фокус на идентификување на конкретни чекори за унапредување на инвестициската клима и поттикнување на одржлив економски развој. Дирекцијата за ТИРЗ и натаму останува посветен партнер на странските инвеститори, со цел создавање на услови за стабилен раст, зголемување на конкурентноста и привлекување на компании со висока додадена вредност.