ПРИЛИВИТЕ НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗГОЛЕМЕНИ ЗА ТРИ ПАТИ И СЕ РЕКОРДНИ 737 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Светскиот Извештај за инвестиции за 2019 година, на UNCTAD, ги поддржува креаторите на политиките преку следење на глобалните и регионалните трендови на директните странски инвестиции и документирање на развојот на националните и меѓународните инвестициски политики.
Според UNCTAD, инклузивниот одржлив развој зависи од глобалната политичка средина што е погодна за преку-гранични инвестиции.
Овој Извештај за светските инвестиции дава преглед на глобалниот пејзаж на посебните економски зони (SEZ) и нуди совети за тоа како да одговорат на фундаменталните предизвици за зоните поставени од императивот за одржлив развој, новата индустриска револуција и промените на моделот на меѓународно производство.
Меѓу најважните инструменти за привлекување инвестиции се посебните економски зони. Бројот на зони низ светот брзо растеше оваа деценија на повеќе од 5.000, со многу повеќе планирани, според UNCTAD.
Минатата година глобалните текови на странски директни инвестиции се намалија за 13 отсто, на 1,3 трилиони долари. Ова претставува најниско ниво од глобалната финансиска криза и го нагласува недостатокот на раст во меѓународните инвестиции оваа деценија.
Протокот на инвестиции во транзиционите економии продолжи да се намалува во 2018 година, според извештајот на ОН. Транзиционите економии се потпираат на посебни економски зони за инвестирање.
Приливот на странските директни инвестиции (СДИ),во економиите во транзиција во Југоисточна Европа, Комонвелтот на независни држави (ЗНД) и Грузија се намалија за 28% , односно на 34 милијарди долари во 2018 година ( според светскиот извештај за инвестиции за 2019 година на UNCTAD).
Сепак, Југоисточна Европа триумфираше, победувајќи го општиот надолен тренд, при што СДИ се зголемија за 34% на 7,4 милијарди долари, особено во Србија и Северна Македонија. Приливите во Северна Македонија се зголемија за повеќе од трипати, до рекордни 737 милиони долари, главно за инвестиции во автомобилската индустрија во своите технолошки индустриски развојни зони. Во еден од најзначајните договори, слободната економска зона, ТИРЗ Скопје 2, го привлече производителот на автомобилски делови од САД, Дура .
Приливите кон Северна Македонија сигнализираа две работи: првично, поволната меѓународна побарувачка на странски фирми лоцирани во зоните (извозно ориентирани) и второ, позитивните политички случувања во врска со името на земјата. Ова ја олеснува соработката на Северна Македонија со ЕУ, главниот извозен пазар во земјата.

Инвестициите во капиталот пораснаа два и пол пати, а заемите внатре во компаниите станаа позитивни откако беа негативни во 2017 година. Покрај традиционално силниот автомобилски кластер, нови инвестиции беа забележани и во други дејности .
Приливите на СДИ се зголемија во сите земји од овој регион , освен во Црна Гора. Одливите останаа непроменети на 38 милијарди долари, со што регионот беше нето-извозник на капитал за СДИ во 2018 година.
Меѓу економиите во транзиција, Северна Македонија се рангираше во првите 5 економии во две категории, и во Трговскиот раст (економии рангирани според просечната годишна стапка на раст на трговските стоки, интеграцијата на CAGR 2007-2017) и според ГВЦ (глобален вредносен синџир) – Економиите рангирани според странските додадена вредност, 2017.
Промоцијата на посебните економски зони (СЕЗ) стана важна алатка на инвестициска политика на економиите во транзиција. Посебните економски зони може исто така да станат главен двигател на идниот раст на СДИ, според извештајот на УНКТАД. Помалите економии кои превземаат значајни извозни активности, како што се Северна Македонија и Србија, исто така имаат слободни економски зони (15 и 14, соодветно). Сепак, постојат очекувања да придонесат за одредени развојни цели. Во Северна Македонија, Законот за технолошки индустриски развојни зони бара од корисниците на зоната да ги исполнат следниве критериуми: создавање работни места, усогласеност со високи еколошки стандарди, производство базирано на нови технологии и висока енергетс