IBM ЈА РАНГИРА МАКЕДОНИЈА ВО ПРВО МЕСТО ПО БРОЈОТ НА КРЕИРАЊЕ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ

IBM: Македонија прва во светот по бројот на креирање нови работни места. Убедливо пред сите останати земји во регионот, Европа и светот Република Македонија е рангирана на прво место глобално за 2015-та година согласно објавени нови работни места од директни странски инвестиции по глава на жител во годишниот извештај на “Global Location Trends 2016 Annual Report”, објавен во месец Август 2016 од страна на “IBM Institute for Business Value”. На листата на новоотворени работни места по глава на жител, по Македонија се рангирани Србија и Обединетите Арапски Емирати. Политиките за привлекување на странски инвестиции се причина за ова рангирање.