Skip to content
TIDZ LogoTIDZ LogoTIDZ Logo
TIDZ LogoTIDZ LogoTIDZ Logo
  • MK
  • EN
  • SQ

ТИРЗ Струга
klienti slikidtirz2022-11-21T09:46:59+00:00

⮟

Британската компанија „Џонсон Мети” е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето.„Џонсон Мети” има операции во преку 30 земји во светот и вработува околу 12,000 луѓе. Една третина од сите нови возила во светот имаат вградено катализатори од „Џонсон Мети”.

„Џонсон Мети” ја избра Македонија како дестинација за својата Eвропска мега-фабрика за автокатализатори во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на „Џонсон Мети” во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на „Џонсон Мети” во светот и важи за најголем извезувач од Македонија .Инвестицијата изнесува €80 милиони, а иницијалниот број на вработувања беше над 350.

Во мај,  2012 година  „Џонсон Мети” го одбележа започнувањето на големиот проект за проширување на дејноста во Македонија со изградба на втора фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Оваа инвестиција изнесува €65 милиони, која двојно го зголеми иницијалното производство и креираше  над 500  нови работни места.

Во  октомври 2021 година вкупниот број на вработени изнесува 998  лица.

⮟

Американската компанија „КЕМЕТ” е со 85-годишна историја, со седиште и фабрика во Јужна Каролина, САД. Производствени објекти има во Мексико, Кина, Италија, Англија, Португалија, Финска, Шведска, Индонезија, Германија, Бугарија, Невада-САД и Македонија. „КЕМЕТ” поседува и две специјализирани компании за електроника и тоа „ФЕЛКО” во Чикаго-Илиноис и „Дектрон” во Шведска.
Во октомври, 2012 година, на парцела од 4.4 хектари, „КЕМЕТ” има изградено нова фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 со површина од 44.267 метри квадратни. Вкупната инвестиција изнесува €30 милиони и истата е предвидено да отвори 500 работни места. Во октомври 2021 година бројот на вработени изнесува 298 лица. Во оваа фабрика „КЕМЕТ” произведува кондензатори за автомобилската индустрија и разни индустриски апликации.

⮟

Италијанската индустриска групација „Витило’’ е присутна во Македонија во ТИРЗ Скопје 1 како „Витек Македонија“ (Технохозе), од 2011 година. Основна дејност на компанијата е производство на хидраулични спојки за висок притисок и гумени црева за автомобилската и други индустрии, а производството од Македонија е наменето за цела Европа, земјите на заливот и Америка.
Вкупната инвестиција на компанијата изнесува 25 милиони евра.
Вкупниот број на вработени во „Витек Македонија’’, во октомври 2021 година изнесува 144 луѓе, а планирано е вкупно бројката да достигне околу 190 луѓе .

⮟

Повеќе од 65 години белгиската компанија „Ван Хол” ужива висока репутација за дизајнирање и производство на високо-квалитетни и современи возила.
„Ван Хол” произведува во просек 1.400 автобуси и приколки и околу 4.000 останати комерцијални возила годишно од кои 80% се извезуваат во целиот свет. Со работна сила преку 4.000 вработени „Ван Хол” е еден од најголемите производители на автобуси во Европа кој нуди комплетен опсег на автобуси за јавен превоз за меѓународниот пазар.
Белгиската компанија „Ван Хол” во јули 2012 година, го потпиша договорот за инвестирање во Македонија, а во 2014 година започна со работа во производствениот погон со површина од 39 000 метри квадратни, лоциран во ТИРЗ Скопје 2. Со ова инвестицијата на „Ван Хол” во Македонија е прва стратешка инвестиција во производствен капацитет на компанијата надвор од Белгија. Оваа првична инвестиција е во висина од €25 милиони, со вработени 800 лица.
Со реализацијата на оваа инвестиција, односно со присуството на белгискиот производител на автобуси во ТИРЗ Скопје 2, за првпат се извезува готов производ, технолошки високософистициран на високософистицирани пазари, кој го носи знакот ,,Произведено во Македонија.
Во мај, 2016 година „Ван Хол” на истата локација во ТИРЗ Скопје 2 инвестираше во нов производствен погон со инвестиција во вредност од €15 милиони , со нови 400 вработувања. Инвестицијата се спроведува во три фази. Во првата фаза од септември, 2016 година предвидено беше да се заврши магацинот. Во втората фаза во април, 2017 година беше предвидено отворање на четири нови производствени линии со кои двојно се зголеми капацитетот за производство на автобуси, а во третата фаза во август, 2017 година беше изградена дополнителна комора за фарбање автобуси.
Вкупниот број на вработени во ,,Ван Хол’’во текот на октомври 2021 година изнесува околу 919 лица.

⮟

Американската компанија „Џонсон Контролс“ e глобален лидер во производство на автомобилски седишта, инструмент табли, и внатрешни ентериери.
На преку 240 локации во светот, преку 91.000 вработени, вклучувајќи преку 6.000 инженери и дизајнери, развиваат и произведуваат најширока палета на технологии и системи за ентериери за произведувачи на автомобили од секаков вид.
Во октомври 2016 година „Џонсон Контролс“ го објави новото име ,,Адиент’’ кое се однесува на нивната линија за производство на автомобилски седишта и внатрешен дизајн. Оваа промена е одлука на американскиот конгломерат да го оддели својот бизнис за производство на автомобилски ентерирери на глобално ниво и резултираше со две независни компании ”Johnson Controls International plc’’ и ”Adient plc’’.
,,Адиент’’ е со седиште во Ирска. Корпоративните претставништа на ,,Адиент’’ се во Плимут, Милвоки и Висконсин (САД), Буршид (Германија), Шангај (Кина).
Со 75.000 работници во 230 фабрики во 32 земји во светот ,,Адиент’’произведува и дистрибуира седишта за автомобили за сите видови возила.
Во октомври, 2011 година ,,Адиент’’ го започна својот инвестициски проект за нова фабрика за навлаки за автомобилски седишта во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Инвестицијата изнесува €20 милиони, а бројката на вработени на почетокот на октомври 2021 година изнесува 1776 лица.
Во јуни 2017 година, во Технолошко-индустриската развојна зона Струмица беше отворена уште една фабрика на американската компанија „Адиент“. Во фабриката, којашто е прв капацитет во ТИРЗ Струмица, се произведуваат навлаки за автомобилски седишта. Инвестицијата изнесува €22,3 милиони, а бројката на вработени на почетокот на октомври изнесува 1368 лица.

⮟

„Техникал текстајлс” е германски производител на фиберглас кој се користи во автомобилската и авионската индустрија, во производството на ветерници и бродови, како и изолациони материјали за градежништво. Компанијата има четири производствени капацитети и тоа во Германија, Словачка и Кина, а фабриката во Технолошко-индустриската развојна зона Штип е петтата фабрика на „Техникал текстајлс”со површина од 49 382 метри квадратни .
Фабриката во Македонија започна со производство во август, 2015 година, каде се произведува фиберглас кој има широка примена во градежната, автомобилската и бродската индустрија.
Германската компанија ја избра Македонија како дестинација за инвестиција во конкуренција со Абу Даби.
На почетокот на октомври година бројот на вработени е 161 лица. Големината на инвестицијата изнесува €7,1 милиони .

⮟

Италијанската компанија „Диатек” е светски лидер во индустријата за машини за печатарска индустрија. Покрај производствените капацитети во Италија компанијата има свои погони и во Германија, Швајцарија, Франција и САД. Преку своите шест производствени капацитети во светот „Диатек” има годишен обрт од €200 милиони и вработува вкупно 800 луѓе.
„Диатек” се распространува на површина од 36.001 метри квадратни лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1.
Големината на оваа инвестиција изнесува €2.88 милиони, а бројот на планирани вработувања треба да достигне до 200 луѓе. На почетокот на октомври 2021 година бројот на вработени е 34 луѓе.
Производството е наменето за пазарите на Југоисточна Европа, Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка.

⮟

Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’ е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња (возач, патници, странични завеси). Компанијата има 60 -годишна историја.
Зафаќа површина од 22.168 метри квадратни.По неполна година од донесената одлука за инвестирање, поточно во декември, 2015 година ,,АРЦ Аутомотив’’ отвори фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња во Македонија, лоцирана во ТИРЗ Скопје 1, инвестиција во вредност од €13.1 милиони.На почетокот на октомври во 2021година бројот на вработени е 404 лица.
Компанијата е извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар. Фабриката поседува најмодерна опрема и високософистицирани производни линии со што е предизвик за сите стручни кадри од Македонија кои ќе се пронајдат во нејзино работење.

⮟

Италијанската компанија „Кондево“ е лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски реномирани производители на бојлери. Компанијата нуди широк спектар на компоненти кои ги задоволуваат најсовремените технички услови и концепти во овој сектор. „Кондево“ е присутен на европскиот пазар од 1969 година.Големината на парцелата на инвестицијата е 49 382 метри квадратни.
Во септември, 2015 година, италијанската компанија „Кондево“ започна да ја гради својата нова фабрика во Македонија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Големината на инвестицијата изнесува €40 милиони..На почетокот на октомври во 2021 година има вработени 96 лица, а вкупно планирани се 250.

⮟

Џојсон Сејфти Системс , позната како Ки Сејфти Системс е Кинеска компанија која развива и произведува автомобилски сигурносни системи. Компанијата е резултат на соединување помеѓу КСС и Таката Корпорација откако Ки Сејфти Системс ја превзема Таката. Седиштето на компанијата е во Оберн Хилс, Мичиген, во Соединетите Американски Држави. Џојсон Сејфти Системс ја одбра Македонија во 2014 година за проширување на производството во Европа. Големината на инвестицијата изнесува 27 милиони евра, а компанијата првично ќе започне со производство на перничиња за воздушни перничиња и модули.
Глобалниот снабдувач на напредни автомобилски безбедносни системи и компоненти започнаа со работа во објект во Кичево како браунфилд инвестиција во 2015 година, а од 2016 година продолжи со производство во гринфилд објект во слободната зона Кичево на површина од 13,600m².Вкупна површина на парцелата е 42 154 метри квадратни.
Џојсон Сејфти Системс е во сопственост на Нингбо Џојсон Електоник познат како Кинески автомобилски конгломерат кој ја превзема Ки Сејфти Системс во 2016 година. Компанијата е светски лидер во изработка, развивање и произведување на надувувачи, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси. На глобално ниво имаат интернационална мрежа со 34 продажни, дизајнирани и производствени објекти во кои се вработени околу 50.000 луѓе ширум светот.
На почетокот на октомври во 2021 година, 1.430 луѓе се вработени во слободната зона Кичево, а се предвидува оваа бројка да достигне и до 1500 луѓе.

⮟

Американската корпорација „Гентерм” од страна на најголемите производители во автомобилска индустрија е призната како најдобар добавувач на клима системи за греење и ладење на седишта и управувачи, електроника и кабли. Производството на „Гентерм” се инсталира од страна на голем број автомобилски брендови како што се „Форд” , „Џенерал Моторс”, „Тојота”, „Лексус” и „Киа”. Компанијата има производство во 11 земји и повеќе од 5.000 вработени низ целиот свет .
Откако во декември, 2012 година беше поставен камен-темелник на ТИРЗ Прилеп, веќе во декември, 2014 година „Гентерм” ја објави својата одлука за реализација на инвестицијата во оваа зона, а во јули 2016 компанијата официјално започна со работа.
Во првата фаза со инвестиција од €20 милиони е изграден производствениот погон на површина од 9.500 метри квадратни. Вкупната инвестиција изнесува 36.1 милиони евра и големина на парцелата изнесува 37.490 метри квадратни.
Во фабриката се произведуваат делови за сите реномирани производители на автомобили кои се наменети за европскиот пазар. Бројката на вработени на почетокот на октомври во 2021 година изнесеува 1 891 луѓе, а планирано е оваа бројка да достигне до 2.000 луѓе.

⮟

Американската компанија „Делфај“ е водечки глобален снабдувач за автомобилскиот и пазарот за комерцијални возила. Таа е меѓу првите 15 најголеми глобални добавувачи од автомобилската индустрија со годишен обрт од над €17 милијарди . Има 146 илјади вработени низ целиот свет со 126 производствени погони и оперативна е во над 33 земји.
Во март, 2017 година овој овој американски автомобилски гигант го подели својот бизнис на две независни компании: ,,Делфи Технологии” и ,,Аптив”. ,,Делфај’’ преименува дел од својот бизнис кој е фокусиран на автоматизирано возење и електрификација, нарекувајќи го новиот ентитет ,,Аптив”, со што го формализираше одвојувањето на тој аспект на својата компанија од делот фокусиран на повеќе традиционални мотори.
Во декември, 2015 година ,,Аптив” донесе одлука да инвестира во фабрика во Македонијаа, лоцирана во ТИРЗ Скопје 1 за производство на најнова технологија на модул за возила кој се вградува низ Европа и за соработка со другите капацитети на Делфај во регионот за да се обезбеди ефикасност и флексибилност за клиентите.Големината на парцелата е 53.998 метри квадратни.
–,,Делфај’’е фокусирана на испорака на висок квалитет, водечки индустриски технологии кои им помагаат на производителите да постигнат повисок електронски и безбедносен систем. Капацитетите во Македонија ќе помогнат во остварување на оваа цел,во 2015година, рече Луси Тоскани, поранешен глобален оперативен директор на ,,Делфај’.
Вредноста на оваа инвестициија изнесува €30.3милиони, со 441 вработување во текот на октомври 2021 година во Македонија.

⮟

,,Хај –тек Асембли Центар’’ е првата домашна компанија која донесе одлука за инвестирање во Македонија, чиј основач и сопственик е ,,Хај-тек Корп.’’од Скопје. Нејзините производи се применуваат во автомобилската, воздухопловната и воената индустрија, како и производството на медицинска опрема. Клиентите на оваа македонска компанија се глобални брендови, како што се ,,Continental”, ,,Siemens”, ,,Bosch” и ,,Philips”.
Во фебруари, 2016 година, беше поставен камен темелник на фабриката на ,,Хај-Тек’’ во ТИРЗ Скопје 1. Како добавувач на голем број светски компании од автомобилската индустрија во делот на електронски плочи, со својата нова дејност во ТИРЗ, компанијата ,,Хај-Тек ’’ оди чекор понатаму и од претежно прототипско поминува на сериско производство, односно диверзификација на дејноста асемблирање на електронски плочи. Производството вклучува употреба на електронски печатени плочи како основа на која понатаму се асемблираат компоненти од типот на микропроцесори, отпорници, кондензатори, транзистори конектори и сл.
Големината на парцелата на фабриката изнесува 18.861 метри квадратни.Според бизнис планот, вредноста на инвестицијата изнесува околу 6.6 милиони евра. На почетокот на октомври во 2021 година бројот на вработени во оваа компанија во ТИРЗ Скопје 1, изнесува 104 лица, а се очекува тој број да достигне околу 300 вработувања.
Производите од компанијата во целост се наменети за странските пазари, во најголем дел тие ќе се извезуваат во Германија, Скандинавските земји, Швајцарија и Велика Британија.

⮟

Американската компанија ,,Леар Корпорејшн “ е водечки глобален застапник за навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи.
,,Леар Корпорејшн “ ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот, а нивните производи се застапени во повеќе од 350 видови на возила. Производите на ,,Леар Корпорејшн “ кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од стручен тим кој брои околу 140.000 вработени, распределени во 36 земји.
Фабриката на ,,Леар Корпорејшн“ во Македонија е лоцирана во ТИРЗ Тетово на површина од 12.000 квадратни метри со инвестиција вредна над €15 милиони. Површина на парцелата е 33.073 метри квадратни.Располага со врвна машинерија, производни капацитети (за сечење кожа и платно), магацин и канцелариски простории.
На почетокот на октомври 2021 година бројот на вработени во ,,Леар корпорејшн“ во Македонија изнесува 1195 лица,.

⮟

Германската компанија „Акомпласт“ е специјализирана за пластично моделирање на автомобилски делови и користи најсовремена технологија. Oсвен во Германија, компанијата има фабрики во Англија и Чешка.
Во јануари, 2016 година „Акомпласт“ постави камен –темелник за производство на автомобилски делови во Македонија лоциран во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци, кај Прилеп.Големината на парцелата на компанијата е 21 639 метри квадратни.
Во септември, 2017 година и официјално ја започна својата инвестиција во Технолошко- развојната зона Алинци, кај Прилеп, во износ од €3 милиони. Преку компанијата- ќерка „Инџекшн Молдинг- Прилеп“ го започна производството на пластично моделирани делови за познати компании од автомобилската индустрија како што се Daimler, BMW, Audi, Bentley и Jaguar.
На почетокот на октомври 2021 година бројот на вработени е 29 лица. Инвестицијата е планирано да се прошири со нов погон со вкупно планирани 250 нови работни места.

⮟

Германската компанија „ОДВ Електрик” има долгогодишно искуство во производство на автомобилски компоненти и е иновативна компанија за развој и добавувач на високо-квалитетни кабли, соленоиди и механичко-електронски системи .Компанијата развива технологии и има свое производство во четири европски локации и тоа Германија, Унгарија, Украина и Македонија, со персонал од над 2.000 вработени.
Во септември 2017 година „ОДВ Електрик” официјално ја отвори фабриката во Македонија, лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона помеѓу градовите Струга и Охрид.
Паралелно со изградба на овој објект во зоната, „ОДВ Електрик”, уште од 2014 година, работеше во адаптиран браунфилд објект во Охрид, каде се одвиваа подготовките за производтство на кабли и електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови како Порше, Мерцедес, Фолсваген и БМВ.
Објектот се простира на површина од 21 639 метри квадратни со целокупната вредност на инвестицијата од €15 милиони и со планирани над 1.000 вработувања за жителите од Охрид, Струга како и од соседните општини. Покрај вработените, бенефит ќе имаат и голем број на домашни компании од металната индустрија но и услужни дејности како призводство на храна, обезбедување и логистика.

⮟

Групацијата „ВИК“ е семејна германска компанија за производство на електрични апарати со седиште во Есен и во Хонг Конг, каде се стационирани центрите за иновации, дизајн и развој. Основана е во педесеттите години, а веќе има производствени капацитети во Кина и во Индонезија. Компанијата има 6.000 вработени со 350 инженери.
Во ноември, 2016 година е донесена одлука да инвестира во Македонија.
Во јули, 2017 година „ВИК“ започна со изградба на производствен капаците во ТИРЗ Прилеп со цел производство на електрични апарати. Целото производство е наменето за извоз во Европа.
Капацитетот е на површина од 63 341 квадратни метри. Инвестицијата изнесува €11.6 милиони, а се предвидени € 12 милиони во изградба на објектот, за опремата и машините со предвидени 1.200 вработувања.
На почетокот на октомври 2021 година бројот на вработени изнесува 361 лице.

⮟

Турската компанија „Чагатај Кабло “ е основана во 1998 година за производство на жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди, машини за чистачи и специјални аеродромски возила.
Во мај, 2017 година освен фабрика во Турција, „Чагатај Кабло “донесе одлука за изградба на нова фабрика во Македонија со вредност на инвестиција во висина од €4 милиони. Компанијата закупи парцела во ТИРЗ Скопје 1 со големина од 26.000 метри квадратни и веќе во септември, 2017 година започна со изградба на објектот. Почетокот на производство на оваа нова фабрика се очекува да започне во текот на 2018-та година.
Компанијата во Скопје доаѓа како добавувач на белгискиот производител на автобуси ,,Ван Хол“ кој што исто така е присутен во овој индустриски комплекс. Ова е значајно бидејки останатите компании со странски капитал во Македонија, пред се „Ван хол“, ќе набавуваат резервни делови од оваа фабрика, а нема да ги увезуваат од странство.
Значењето на изградбата на турската компанија, „Чагатај кабло“ во ТИРЗ Скопје 1 секако е најизразено преку најавените нови вработувања, околу 300 лица во период од 5 години. На почетокот на октомври 2021 година има вработено 79 лица.

⮟

Реномираната швајцарска компанија ,,БАУМЕР” во 2018 година донесе одлука да инвестира во Македонија, поточно во ТИРЗ Скопје 1 и започна со изградба на производствениот капацитет кој денеска е во напредна фаза. Клучно кај оваа странска инвестиција е тоа што ќе има научно-истражувачки центар во кој ќе бидат вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија.
,,Baumer Holding AG” е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, индуктивни и процесни сензори, енкодери, кабли и други полуфабрикати од областа на елктрониката. ,,БАУМЕР ” е присутна со 38 подружници низ 19 земји од светот со над 2,700 вработени, а од 2018 година и во Македонија.
Големината на парцелата на компанијата изнесува 19 107 метри квадратни.Висината на планираната инвестицијата ќе изнесува околу 4.7 милиони евра, со најавени 150 нови вработувања во пет фази. Бројот на вработени на почетокот на октомври изнесува 40 лица.

⮟

Во јули, 2018 година, турската компанија „Мурат Тиџарет“ започна да гради фабрика во ТИРЗ Скопје 2 и најави инвестиција од 5.5 милиони евра . Големината на парцелата изнесува 32 162 метри квадратни.Произведува кабли и електрични инсталации за автомобилската индустрија. Производите се наменети за европскиот и американскиот пазар.
Компанијата е основана во 1969 година и има операции во Европа, Кина, Северна Америка, неколку фабрики во Турција, Кина, Мексико со вкупно вработени 2000 луѓе

Предвидени се 300 вработувања, а на почетокот на октомври има 79 вработени лица.

⮟

На почетокот на 2019 година реномираната германска компанија од фамацевската индустрија „Гересхајмер“ донесе одлука да реализира инвестиција во нова фабрика, во ТИРЗ Скопје 2, а веќе во Октомври истата година го потпиша договорот за закуп на земјиште.
Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а Северна Македонија беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со земјите од соседството, поради политиките на Владата, како и членството во НАТО.
Големината на парцелата на компанијата во ТИРЗ Скопје 2 изнесува 139 011 метри квадратни.„Гересхајмер“ само во првата фаза се обврза да отвори 200 работни места, а на среден рок да го удвои овој број, за високо едуциран кадар од Република Северна Македонија.
Првиот инвестициски циклус на „Гересхајмер“ е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од 24 милиони евра. Со производство, кај нас, стартуваше во април 2020 година.
Германскиот „Гересхајмер“, со седиште во Дизелдорф е глобален лидер во производство на пластичнa и стакленa медицинска амбалажа.Компанијата има производствени капацитети во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка во кои работат околу 10.000 лица и остварува приходи од приближно 1,4 милијарди евра.
На почетокот на октомври 2021 година има вработено 70 лица, а се предвидени над 500 вработени.

⮟

Ипротекс е германска компанија од автомобилската индустрија која донесе одлука да инвестира во ТИРЗ Скопје 1, Република Северна Македонија.
Компанија Ипротекс и Дирекцијата за технолошко индустриски зони, на 20 јануари ,2021 година го потпишаа договорот за државна поддршка, со кој оваа германска компанија, дел од групацијата Innotech & Iprotex, се обврза на инвестиција од 3.75 милион евра и отворање на 100 работни места во ТИРЗ Скопје 1.На почетокот на октомври во 2021 година има 46 вработени лица.
Во Фабриката на ТИРЗ Скопје 1 оваа компанија планира преселба на делови на производството вклучително и технологија од Германија во Северна Македонија. Ипротекс во ТИРЗ Скопје 1 ќе започне со воведување на нова технологија, поточно ќе се воведе производствена линија за екструзија на монофиламенти .Ова е целосно нова област во портфолиото на компанијата.
Фирмата Ипротекс е формирана со седиште во Германија од 1999 година. Има 6 фабрики коишто се на 4 различни континентни, 2 продажни претставништва. Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, за технички текстил и термоизолациони материјали. Ипротекс во последно време работи на истражување и усовршување на некои нови техники за термо-техничка изолација на автомобилската индустрија и исто така во поново време, минатата 2019 година е воспоставен нов договор со Европската вселенска агенција и со НАСА за изработка на обвивки за сателитските приемници на вселенските летала.

⮟

Турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во февруари 2021 година , го потпиша договорот за државна помош за реализација на инвестиција во ТИРЗ Скопје 2 .
Реализацијата на оваа инвестиција започна во 2019 година, а подготовка на земјиштето на 1 јули 2020 година и за период од 7,5 месеци завршени се 75% од изградбата на објектите. Површината на градежно земјиште под закуп за Пурпласт е 26.000 m2, во првата фаза се искористени 50% од земјиштето (Фаза 2 се очекува за 2025 година). Има вкупно 12.000 m2 затворена површина: административна зграда на 2 спрата со вкупно 1.600 m2 и производна сала-,технички простории: вкупно 10.400 м2.
Компанијата Пурпласт е еден од локалните партнерни на уште еден странски инвеститор во земјата, Ван Хол, а во портфолиото на нивните производи е големо и опфаќа производство на делови за ентериер (командна табла, навлаки, разделни ѕидови, тавански тапацир, рачки, волани), екстериер на комерцијални возила (браници, предна и задна маска, странични панели, кровни панели.), како и производство на седишта (патнички вагони, градски автобуси и камиони).
Планираниот број на вработени во компанијата изнесува 300 лица. На почетокот на октомври 2021 година има 4 вработени.

⮟

Германската компанија „ГЕС ГмбХ“е производител на високо-квалитетни и енергетски ефикасни ЛЕД диоди. „ГЕС ГмбХ“ е активен на ова поле уште од раните денови на ЛЕД развој, инвестирајќи во патенти, сертификати и свои производствени капацитети за ЛЕД осветлување.
Во јануари, 2016 година „ГЕС ГмбХ“ донесе одлука да го прошири своето производство на Балканот, преку отворање на производствен погон и административна зграда на површина од 15.000 метри квадратни во Македонија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1.
Големината на инвестицијатта изнесува €15 милиони, со планирани 200 нови работни места. На почетокот на октомври 2021 година, бројот на вработени во Македонија е 1 лице. Големината на парцелата на која што е распространета фабрик,ата изнесува 19.255 метри квадратни.
Се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија. Примарен пазар на компанијата е Блискиот Исток,Европа во повеќе индустрии кои може да имаат придобивки од економично и еколошко осветлување.
Со силен тим за истражување и развој, одлична контрола на квалитетот и напредна опрема за производство, „ГЕС ГмбХ“ обезбедува на клиентите сигурни и високо-квалитетни производи со светски признат германски квалитет

⮟

Германската компанија „Костал” е глобален лидер во понудата на технолошки напредни електронски, електромеханички и механичко-електронски производи за големи индустриски производители. Компанијата е присутна на 42 локации во светот на 5 континенти и брои персонал од над 18.000 луѓе.
Во декември, 2014 година, компанијата ги објави своите планови за зголемување на производните капацитети во Европа преку својата инвестиција во Македонија. Според планот, компанијата започна со производство во октомври, 2016 година, како браунфилд инвестиција лоцирана во поранешен ЕМО, во Охрид во производствени погони од околу 25. 000 метри квадратни. Клиенти на ,,Костал” се познати светски автомобилски брендови како BMW, Daimler, Porsche, Tesla, Rolls Royce, Bentley…
На почетокот на октомври 2021 година вработени се 1004 лица.

⮟

Американската компанија “DURA Automotive Systems” е глобален снабдувач на оригинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот. Оваа компанија со седиште во Мичиген е основана во 1914 година и вработува повеќе од 9.400 лица во 14 земји ширум светот. “DURA Automotive Systems” дизајнира и произведува иновативни високо интегрирани автомобилски компоненти за водечки производители на возила во Америка, Азија и Европа.
Во јуни,2018 година Компанијата донесе одлука да го го прошири своето производство со отворање на своја фабрика во Македонија,поточно во ТИРЗ Скопје 2 , која ќе се простира на површина од околу од 16.000 m², a големината на парцелата изнесува 45 263 метри квадратни.На парцелата има 3 фабрики за производство на алуминиумски надворешни делови , екструзии и рамки.
ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден има предвидено инвестиција од 18 милиони евра, а досега има остварено 15.7 милиони евра. Бројот на вработени се очекува да достигне до 500, а во текот на октомври 2021 година бројот на вработените е 70.
ДУРА АУТОМОТИВЕ ЕКСТРУЖОНС досега има реализирано 2.85 милиони евра од вкупно 20 милиони евра предвидени за работата на фабриката.Во оваа фабрика предвидени се 200 работни места.
ДУРА АУТОМОТИВЕ СТРЕКЧЕРС е последната фабрика на Дура во ТИРЗ Скопје 2 со вложени 20,5 мил. евра од вкупно 48 мил.евра. На почетокот на октомври 2021 година има 503 вработени лица, а се очекува бројката да достигне и до 780.

⮟

Руската компанија АСПЕКТУС ФАРМА е иновативна, кооперативна компанија со висок интегритет, што овозможува високо квалитетно производство на лекови и воспоставува партнерства со глобални фармацевтски компании за да обезбеди широк асортиман на производи на пазарите во Русија, Балканот и ЕУ.
Фабриката е лоцирана во ТИРЗ Скопје 1 и започнала со работа во 2011 година. Големината на парцелата е 25 040 метри квадратни.
За инвестицијата се предвидени 5 мил.евра, а од почетокот до 2021 година инвестирани се 4.3 мил. евра. Бројот на вработени во текот на октомври 2021 година е 43.

⮟

Македонско-холандска фабрика ,, Глас Флекс’, која ќе произведува калено и ламинирано стакло за извоз, ’ е лоцирана во ТИРЗ Тетово. Фабриката се простира на 9 000 метри квадратни на парцела од 15. 000 метри квадратни.
Вложени се 3.88 мил.евра, а предвидени средства за инвестицијата се 5.7 мил.евра.
Во октомври 2021 година, бројот на вработени е 35 лица, а се очекува пораст и до 300 лица.

⮟

Турската компанија БАНКАНЛАР ПЛАСТИК која произведува амбалажи за широка потрошувачка,лоцирана е во ТИРЗ Скопје 1. Фабриката е изградена на парцела од 14 458 метри квадратни. За изградбата најавени се 7.2 мил. евра, а до сега известирани се 6.8 мил.евра.
Планирани се 300 вработувања во повеќе фази.

⮟

Канадската компанија МАГНА МИРОРС САУТ-ИСТ ЈУРОП ДООЕЛ која произведува ретровизори и други технолошки производи за потребите на автомобилската индустрија поточно за Џенерал Моторс, Форд, БМВ, Тојота, Фолксваген, Хонда и многу други познати брендови, е лоцирана во ТИРЗ Струга.Фабриката е изградена на парцела со големина од 47 400 метри квадратни. Во изградбата вложени се 20 мил. евра.
Во текот на октомври 2021 година има 62 вработени лица, а планирани се над 1000.

⮟

Tурската компанија МЕОТЕК која произведува соларни панели, лоцирана е во ТИРЗ Скопје 2.Фабриката е изградена на парцела со големин од 14 214 метри квадратни.Во изградбата вложени се 3.3 мил.евра.
Предвидени се 50 вработувања.

© Copyright 2021 - 2023 | ТИРЗ - Република Северна Македонија

Close Sliding Bar Area
  • ТИРЗ СКОПЈЕ 1
  • ТИРЗ СКОПЈЕ 2
  • ТИРЗ СКОПЈЕ 3
  • ТИРЗ ШТИП
  • ТИРЗ ТЕТОВО
  • ТИРЗ ПРИЛЕП
  • ТИРЗ СТРУГА
  • ТИРЗ СТРУМИЦА
  • ТИРЗ КИЧЕВО
  • ТИРЗ ГЕВГЕЛИЈА
  • ТИРЗ БЕРОВО
  • ТИРЗ ДЕЛЧЕВО
  • ТИРЗ РАДОВИШ
  • ТИРЗ РАНКОВЦЕ
  • ТИРЗ ВИНИЦА
Page load link
<