Остварена средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан

Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан. На средбата се разговараше за унапредување на економската соработка, како и за можностите за нови инвестиции во рамки на ТИР зоните.
Директорот Димовски истакна дека продлабочувањето на економската соработка со Народна Република Кина претставува значаен потенцијал за натамошен раст и развој на домашната економија. Тој посочи дека само преку заеднички напори може да се креираат нови можности за инвестиции, кои ќе придонесат за конкурентноста на двете земји.
Амбасадорката Сјаојан изрази задоволство од досегашната соработка и ја нагласи подготвеноста за нејзино понатамошно продлабочување, со фокус на поддршка на нови инвестициски проекти и размена на искуства. Од нејзина страна беше истакната важноста од континуирана комуникација и продлабочување на економските врски, со цел реализација на конкретни проекти во наредниот период.

