Остварена средба со компанијата Џаво Отомотив

Во насока на континуирана и активна комуникација со инвеститорите, директорот Гоце Димовски оствари работна средба со менаџментот на компанијата Џаво Отомотив, чија инвестиција беше најавена минатиот месец. На средбата се разговараше за тековните активности и динамиката на реализација на инвестицијата, како и за следните чекори поврзани со започнувањето на проектот.

Директорот Димовски ја истакна посветеноста на Дирекцијата за ТИРЗ кон обезбедување институционална поддршка во сите фази од инвестицискиот процес, со цел навремена и успешна реализација на планираните активности. Тој нагласи дека редовните работни средби овозможуваат навремено идентификување на потребите на инвеститорите и заедничко надминување на сите предизвици, што придонесува за побрза реализација на инвестициите и создавање нови можности за економски раст.

Од страна на менаџментот на компанијата беше потврдено дека проектот се одвива согласно предвидената динамика, при што беше изразено задоволство од досегашната соработка и поддршката што ја добиваат од институциите. Од нивна страна беше посочено дека компанијата интензивно работи на реализација на инвестицијата и дека дека ваквите работни средби се од осoбено значење за навремена координација на активностите и за успешно спроведување на проектот.