Остварена средба со менаџментот на Гересхајмер, проектот за изградба на втората фабрика во завршна фаза

Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со менаџментот на германската компанија Гересхајмер, Томас Виге и Тања Соколеска. Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, успешната реализација на проектот за изградба на втората фабрика кој е веќе во завршна фаза, како и за плановите за зголемување на инвестицијата на 140 милиони евра, која првично изнесуваше 126 милиони евра.

Директорот Димовски ја истакна важноста од континуираната соработка со компаниите кои веќе успешно работат во зоните, нагласувајќи дека дирекцијата за ТИРЗ, заедно со владата активно работи на дополнителни подобрувања на условите за странските инвеститори. Тој посочи дека поддршката на постојните инвеститори и создавањето услови за понатамошен раст остануваат приоритет.

Од страна на менаџментот на компанијата беше изразено задоволство од досегашната соработка, при што беше нагласено дека поддршката и партнерскиот однос со институциите имаа значајна улога во изградбата на втората фабрика во земјава. Воедно, беше истакнато дека проширувањето на производствените капацитети претставува јасен показател за довербата во домашната бизнис-клима, како и подготвеност за натамошен развој, и отворање дополнителни можности за вработување.