ТИРЗ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТИ

Дирекцијата за ТИРЗ како постојана поддршка на младите, објавува оглас за платена пракса на студенти од различни области. Менторската програма има за цел да ги поврзе студентите од различни сектори со ментори од ТИРЗ кои ќе работат на развивање на конкретни вештини.

Доколку сте во потрага за започнување на кариера во позитивна и динамична атмосфера, со можност за зголемување на вашето знаење и вештини, Ве повикуваме да се пријавите на повикот!

Времетраењето на праксата е три (3) месеци, со можност за вработување, во зависност од покажаниот интерес и вложениот труд.
ТИРЗ е општествено одговорна институција која постојано вложува во развојот на младите преку различни програми за пракса и во компаниите кориснички, како и преку поддршка на дуалното образование.
Сите детали за аплицирање ќе ги најдете овде.