Трансформација на нефункционалните технолошките индустриски развојни зони во индустриски зони се со цел креирање можности за поголем развој на домашните компании и потикнување на локалниот економски развој

Директорот Гоце Димовски денес одржа средба со градоначалниците на општина Виница – Митко Костадиновски, општина Делчево – Иван Гоцевски, општина Кратово – Тодорче Николовски, општина Радовиш – Љупче Почивалец, општина Ранковце – Даниел Павловски, како и секретарот на општина Кичево – Александар Мицкоски. Средбата беше насочена кон идните активности поврзани со трансформацијата на технолошките индустриски развојни зони во индустриски зони и нивното примопредавање во надлежност на локалната самоуправа, со цел создавање поефикасен модел на управување и поттикнување на локалниот економски развој.

Директорот Гоце Димовски истакна дека процесот на трансформација претставува важен чекор кон поголем економски развој на локално ниво, како и зајакнување на улогата на општините. Тој ја нагласи важноста од координиран и постепен пристап во процесот на примопредавање, со цел да се обезбеди континуитет во функционирањето на зоните и да се избегнат можни пречки во периодот на трансформација.

Од страна на локалната самоуправа беше истакната подготвеност за активна соработка и конструктивно вклучување во целиот процес, со цел да се обезбеди непречена транзиција и ефикасно преземање на надлежностите. Градоначалниците и претставниците на општините нагласија дека ваквиот модел отвора нови можности за побрз локален развој, подобро управување со постојната инфраструктура, поголема флексибилност во носењето одлуки поврзани со економските активности во нивните општини и креирање на можност за развој на домашните компании.