Република Северна Македонија

Дирекција за технолошки
индустриски развојни зони

Директорот Гоце Димовски на Global Trade & Growth Forum 2026: Извозната конкурентност и меѓународното поврзување во фокусот

Директорот Гоце Димовски на Global Trade & Growth Forum 2026: Извозната конкурентност и меѓународното поврзување во фокусот

Директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на првото издание на Global Trade & Growth Forum 2026, во организација на Швајцарско-македонската стопанска комора (SwissCham MK), во стратешко партнерство со меѓународната транспортна и логистичка компанија Mediterranean Shipping Company (MSC).

Форумот ги обедини претставниците на домашната и меѓународната деловна заедница, институциите и дипломатските претставништва, отворајќи простор за размена на искуства и идеи за унапредување на трговската поврзаност и зајакнување на конкурентноста на македонските компании на меѓународните пазари. Во фокусот на програмата беа стратешките трговски коридори и логистиката, извозната конкурентност и градењето глобално препознатливи брендови.

Настанот беше отворен со воведни обраќања на Сања Радовановиќ, потпретседателка на Швајцарско-македонската стопанска комора (SwissCham MK) и управна директорка на MSC, Соња Стефановска, претседателка на SwissCham MK и менаџер на фабриката Баумер во ТИРЗ Скопје и Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Република Северна Македонија.

Свои обраќања имаа и Фабрицио Фаринели, регионален директор за агенции во MSC Женева, како и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт на Република Северна Македонија.

Во рамки на форумот беа организирани повеќе панел-дискусии посветени на актуелните предизвици и перспективи во меѓународната трговија, унапредувањето на извозната конкурентност, логистиката и транспортната поврзаност, како и можностите за отворање нови пазари и зајакнување на соработката меѓу домашните и меѓународните компании.

Присуството на директорот Димовски, во рамки на заложбите на Дирекцијата за ТИРЗ за континуиран дијалог со деловната заедница, ја потврдува посветеноста на институцијата кон унапредување на соработката со компаниите и создавање поволни услови за нивен раст и развој на меѓународните пазари.

Дирекцијата за ТИРЗ продолжува да гради партнерски однос со компаниите и институциите, со фокус на поддршка на постојните инвеститори, привлекување нови инвестиции и создавање услови за долгорочен економски раст.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости• Соопштенија
Остварена средба со комапнијата Кемет