Република Северна Македонија

Дирекција за технолошки
индустриски развојни зони

Остварена средба со Линамар Македонија

Остварена средба со Линамар Македонија

Директорот Гоце Димовски денес оствари работна средба со Франциско Мадеира, директор на компанијата Линамар Аутомотив Стрекчерс, која работи во рамки на ТИРЗ Скопје 2.

Средбата беше посветена на унапредувањето на меѓусебната соработка, тековните активности на компанијата и можностите за нејзин понатамошен развој во рамки на ТИРЗ.

Директорот Димовски ја нагласи определбата на Дирекцијата за ТИРЗ за градење долгорочни партнерства со постојните инвеститори, преку институционална поддршка, навремено препознавање на нивните потреби и создавање поволни услови за одржлив раст и развој.

Од страна на Франциско Мадеира беа презентирани тековните активности на компанијата, како и перспективите за нејзиниот понатамошен развој. Воедно, беше разговарано за значењето на ефикасната институционална соработка и континуираниот дијалог во насока на унапредување на деловното работење и создавање можности за иден раст.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email