ЗА НАС
Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони e примарна точка за сите инвеститори кои сакаат да инвестираат во слободните економски зони во Република Северна Македонија. На располагање се 14 слободни економски зони со развиена инфраструктура, а на инвеститорите им се нудат квалитетни услуги, висококвалификувана работна сила и индивидуализирана државна помош.