Република Северна Македонија

Дирекција за технолошки
индустриски развојни зони

Остварена средба со Линамар Македонија

Директорот Гоце Димовски денес оствари работна средба со Франциско Мадеира, директор на компанијата Линамар Аутомотив Стрекчерс, која работи во рамки на ТИРЗ Скопје 2. Средбата беше посветена на унапредувањето на меѓусебната соработка, тековните активности на компанијата и можностите за нејзин понатамошен развој во рамки на ТИРЗ. Директорот Димовски ја нагласи определбата на Дирекцијата за ТИРЗ […]

Средба со менаџментот на Џојсон Сејфти Системс Германија

Директорот Гоце Димовски денес во Ашафенбург, Сојузна Република Германија, оствари средба со менаџментот на компанијата Џојсон Сејфти Системс, која е присутна и во Македонија со своите производствени капацитети во ТИРЗ Кичево. Во фокусот на средбата беа досегашната соработка, тековните активности на компанијата и можностите за нејзин понатамошен развој. Посебно внимание беше посветено на перспективите за […]

Средба со менаџментот на Гересхајмер во Германија: Зајакнување на партнерството со постојните инвеститори

Директорот Гоце Димовски во рамки на работната посета на Германија, заедно со висока владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оствари средба со менаџментот на Гересхајмер во Диселдорф, која преку своето присуство во ТИРЗ Скопје е дел од македонската економија. Средбата беше посветена на досегашната соработка, значењето на инвестицијата за домашната економија и можностите за […]

Димовски на бизнис-средба со германски компании: Нови можности за инвестиции и продлабочување на економската соработка

Во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, како дел од високата владина делегација, директорот Гоце Димовски, учествуваше на бизнис средба со претставници на германски компании од покраината Северна Рајна-Вестфалија, посветена на унапредување на економската соработка, поттикнување нови инвестиции и зајакнување на деловните партнерства меѓу двете земји. Средбата претставуваше можност за директен дијалог со […]

Директорот Димовски во посета на Дојче Телеком во Бон: Размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Сојузна Република Германија, директорот Гоце Димовски, денес оствари работна средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хетгес, и членот на Управниот одбор и ГИД за Европа, Доминик Лерој. Посетата беше можност за непосредно запознавање со организациските и технолошките […]

Директорот Гоце Димовски на Global Trade & Growth Forum 2026: Извозната конкурентност и меѓународното поврзување во фокусот

Директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на првото издание на Global Trade & Growth Forum 2026, во организација на Швајцарско-македонската стопанска комора (SwissCham MK), во стратешко партнерство со меѓународната транспортна и логистичка компанија Mediterranean Shipping Company (MSC). Форумот ги обедини претставниците на домашната и меѓународната деловна заедница, институциите и дипломатските претставништва, отворајќи простор за размена на […]

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

Директорот Гоце Димовски денес ја посети Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ. Директорот Димовски посочи дека компаниите како […]

Директорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ Тетово

Согласно активната и транспарентна комуникација со сите инвеститори, директорот Гоце Димовски денес ја посети компанијата Леар во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон. Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше […]

Директорот Гоце Димовски на јубилејот на Гентерм Македонија: Десет години успешен пример за партнерство помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и странските инвеститори

По повод 10 години од отворањето на Гентерм во ТИРЗ Прилеп, директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на одбележувањето на јубилејот на компанијата, со кој се заокружува една деценија успешна работа, континуиран развој и партнерство во рамките на технолошките индустриски развојни зони. Присуството на директорот Димовски на јубилејот претставува потврда на континуираната соработка помеѓу Дирекцијата за […]